Утрински Весник
Македонија

Градоначалникот Смилевски на средба со Стопанствениците на индустриска зона Визбегово

Ba0fa9b4 b6d3 4c86 9a8b 4bcb89032d23
Градоначалникот на Општина Бутел, г-дин Велимир Смилевски, оствари работна средба со претставници од Здружението на стопанственици на индустриска зона Визбегово. На работната средба присуствуваа и претставници од ЈП Водовод и канализација – Скопје
Индустриската зона Визбегово е место каде делуваат поголем број компании, чие функционирање е од големо значење на Општина Бутел, како од економски, така и од социјален аспект. Токму затоа и делувавме во подобрувањето на условите во истата.  На состанокот се разговараше за можноста за изведба на водоводна мрежа во горниот дел од Индустриската зона – Визбегово. Заложбите на Општина Бутел  се секогаш насочени кон исполнување на потребите на граѓаните и , кон подобрување и унапредување на инфраструктурата, се со цел подобрување на условите за живот и работа во нашата општина.

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК