Утрински Весник
Македонија

Заев на средба со евроамбасадорот Гир: Со функционален парламент и висока свест на политичарите до европска агенда

Заев на средба со евроамбасадорот Гир: Со функционален парламент и висока свест на политичарите до европска агенда
Dik 300x250 mk

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Дејвид Гир, амбасадор и шеф на делегацијата на ЕУ во нашата држава.

На состанокот бешe изразена поддршка за развојните и интеграциските процеси на нашата држава, со фокус кон натамошен напредок во реформските процеси и на политиките на дијалог во насока на граѓанските интереси и на државните стратешки цели, се вели во писмениот допис од кабинетот на Заев.

Заеднички е заклучено и дека е потребна висока свест од сите политички субјекти за функционален Парламент, во полза на потребите на граѓаните и на спроведувањето на европската агенда.

„Покажавме дека нема недопирливи кога се работи за владеењето на правото и во таа насока ќе продолжиме да ги мотивираме да работат сите надлежни институции и органи. Цврсто сме фокусирани на борбата против организираниот криминал и корупцијата и во соработка со нашите меѓународни партнери. Посветени сме на инклузивно работење со сите политички субјекти и општествени чинители. Се грижиме за здравјето и егзистенцијата на граѓаните и фирмите. Зголемен е бројот на странски инвестиции во земјава. И, со сите овие чекори што ги правиме, очекуваме економскиот развој да продолжи, имплементација на европските вредности дома, но и исчекор во европските интеграции“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев упатил благодарност до еврокомесарот Вархеј, за неговите големи заложби за финансиска помош и за распределба на вакцините и кон земјите од Западен Балкан, како дел од заедничките напори за справувањето со последиците од пандемијата.

Можете да прочитате

Најмногу дожд во Крушево, најмалку во Гевгелија

Евроамбасадорот Рокас во Собранието ќе го презентира Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија

Давкова за изјавата на Фон дер Лајен: На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор