Утрински Весник
Македонија

Kерим се ослободува од прекршочна одговорност за финансиска недисциплина во МПМ

Srgjan kerim

Со решение на Судечки совет на скопскиот кривичен суд, обвинетиот Срѓан Керим, како одговорно лице и правното лице „Медиа Принт Македонија“ се ослободуваат од натамошна прекршочна одговорност за сторена финансиска недисциплина!- пишува Правосудство.мк
Скопскио кривичен суд, на трети овој месец, донел решение со кое ја запира постапката иницирана од Министерството за финансии, односно од Управата за јавни приходи.
Во образложението на одлуката, која во меѓувреме ќе стане и правосилна, судот само кратко ќе констатира дека „МПМ“ е фирма во стечај, кој, пак, е завршен и затоа, а согласно Законот за финансиска дисциплина, одредени одредби не се однесуваат на економските оператори од приватниот сектор над кое е отворена стечајна постапка, а во согласност „со Закон кој ја уредува стечајната постапка“!
Сето горе наведено подразбира дека судот го ослободува Керим од натамошна одговорнос, а на основ неподмирување на долг кон фирми кои соработувале во „Медиа Принт Македонија“. Имено, Керим, кој во моментов си живее мирни пензионерски денови во Опатија, Хрватска.

Можете да прочитате

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви

24 сторија: Самохрана мајка без редовни приходи мора да плати приватна хоспитализација на нејзиниот татко поради немање државјанство