Утрински Весник
Македонија

Детали за убиството во Струга: Ја избодел сопругата до смрт во стан на пријатели

Детали за убиството во Струга: Ја избодел сопругата до смрт во стан на пријатели

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид во стан во Струга каде маж си ја уби жената на возраст од 34 години.

Според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде сопружниците биле во посета.

По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот.

По обидот за самоубиство, 39-годишниот осомничен е опериран и се наоѓа надвор од животна опасност.​

Можете да прочитате

Апасиев кон Мицкоски: Дали државата ја водите како премиер или како менаџер на фамилијарниот бизнис

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто

ЛДП: ВМРО-ДПМНЕ ја претвори државата во криминално „реалити шоу” – затворска казна за прес конференции со лични здравствени документи