Насилниот екстремизам како феномен добива големо внимание во меѓународната политика, и со право – поради зголемената свесност дека треба да се одговори на потеклото на терористичката активност, а не само да се фокусира на запирање на нападите. Истовремено, во целиот спектар на современи безбедносни ризици, покрај насилниот екстремизам, во секое општество сè поприсутен е и феноменот на радикализација, во кое слоеви од младата популација прифаќаат екстремни ставови и идеи и го менуваат своето однесување, од политички активизам до примена на насилни средства и методи“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот на своето излагање на конференцијата на Организацијата за безбедност и соработка на Европа, која се одржа денеска во Виена, во организација на Шведска, како годишен претседавач со ОБСЕ, а на тема „Зајакнување на сеопфатен пристап за спречување и борба со тероризам и насилен екстремизам и радикализација кои водат до тероризам во променливи околности“.
Спасовски посочи дека градењето на ефикасни стратегии и политики нужно подразбира идентификување на условите во кои тие се јавуваат, како и начините на нивно манифестирање, согласно актуелните трендови.
„ Како одговор на безбедносните ризици и предизвици, Република Северна Македонија постојано ги надоградува своите национални капацитети, согласно безбедносната стратегија и напорите на меѓународната заедница за заедничка борба против тероризмот со цел јакнење на меѓународната, регионалната а и националната безбедност“ нагласи Спасовски.
Во таа смисла министерот Спасовски истакна дека за справување и превенирање на појавите на насилен екстремизам и тероризам се планираат и преземаат интензивни мерки и дејствија на национално ниво, преку координација на 22 различни институции во рамките на Националниот комитет за сузбивање на насилен екстремизам и радикализам и борба против тероризам, како и во рамките на Министерството за внатрешни работи, односно Бирото за јавна безбедност, преку функционирањето на формираниот посебен Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во чиј состав функционира и Одделението за превенција. Притоа, тој апострофираше низа тековни активности, почнувајќи од оние на локално и регионално ниво, организирани и реализирани од мултидисциплинарни тимови, потоа преку интензивна соработка на полицијата со локалните заедници, особено со специфични целни групи (младите, верските заедници, здруженијата на граѓани и.т.н), како и со иницирање и спроведување проекти засновани на интерактивност и мултидисциплинарен пристап кон поединци или ранливи групи, за кои според усвоените индикатори е констатирано дека се можна цел на индоктринација или регрутација.