Водич од американската држава Монтана бил убиен при напад на гризли во близина на националниот парк Јелоустоун, соопштија властите.
Чарлс Мок (40) починал во саботата, два дена откако бил нападнат додека ловел сам во шумско подрачје покрај реката Медисон, неколку километри северно од Западен Јелоустоун, соопшти портпаролката на полицијата, Кристин Косман, а пренесе агенцијата АП.
Yellowstone National Park Guide Dies 2 Days After Being Mauled by Grizzly Bear While Fishing – People ? https://t.co/btscJlduAf
— Elect López 3rd Ward (@Lopez70M) April 20, 2021
Мажјакот од најглемиот вид мечки во светот, бил тежок најмалку 200 килограми, а подоцна бил застрелан.
Труп на лос бил пронајден на околу 45 метри од местото на нападот врз Мока, па се верува дека мечката најверојатно го штитела својот плен.
Мок, кој претрпел сериозни повреди на главата, по нападот успеал да повика полиција и бил пронајден откако екипи трагале по него околу 50 минути.
Со моторни санки бил пренесен во ординација за брза помош, а после тоа бил пренесен во болница во градот Ајдахо Фолс, каде починал.
Областа на паркот Јелоустоун, кој се протега низ државите Монтана, Ајдахо и Вајоминг, е дом на повеќе од 700 мечки.