Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев по средбата со Села и Гаши: Усогласен е договор за законските решенија за стекнување државјанство

(Видео) Заев по средбата со Села и Гаши: Усогласен е договор за законските решенија за стекнување  државјанство

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во Собранието се сретнаа со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците.

Целта на состанокот беше доусогласување на предложените решенија и ставовите во однос на донесувањето на законските одредби за стекнување државјанство утврдени на претходната средба.

Во изјавата по средбата премиерот Заев истакна дека е усогласен договор за законските решенија и нагласи дека деталите ќе бидат соопштени откако ќе бидат ставени на хартија правните формулации на договорените решенија.

„Веднаш ќе се работи на законското решение и верувам дека најбрзо што е можно кога ќе го имаме на хартија за да го видиме, да го потврдиме, а потоа и да ги споделиме со јавноста сите детали. Исклучително и само од аспект на внимателност. Се договоривме да соопштиме дека има договор“, рече премиерот Заев.

Тој додаде дека откако решенијата ќе бидат ставени во правна законска рамка ќе бидат информирани и другите претставниците на коалицијата на мнозинството и на опозицијата во Парламентот.

„Мислам дека се сега само денови во прашање“, додаде Заев.

Можете да прочитате

Спречен обид за криумчарење препарати за заштита на растенија преку ГП Меџитлија

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица

По трагедијата во Кавадарци – Oбвинителството бара притвор за тројца напаѓачи