Утрински Весник
Свет

Ангела Меркел вакцинирана со „астра зенека“

Ангела Меркел вакцинирана со „астра зенека“

Германската канцеларка Ангела Меркел денес беше вакцинирана со „астра зенека“.

Меркел, која во јули ќе наполни 67 години, веќе објави дека има намера да се вакцинира, но дека го чека својот ред, пишува Дојче Веле.

Досега, претседателот Франк-Валтер Штајнмаер исто така беше вакциниран со „астра зенека“, велејќи дека има доверба во вакцините што биле одобрени во Германија.

По препорака на Централната комисија за вакцини во Германија, само оние над 60 години се вакцинираат со „астра зенека“ од почетокот на април.

Министрите за здравство на сојузните покраини пред неколку дена одлучија помладите луѓе кои ја примија вакцината на „Астра зенека“ како прва вакцина, да добијат вакцина од „Фајзер / Бионтек“ или од „Модерна“ во втора фаза.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела