Утрински Весник
Магазин

На повидок ТВ-серија за Одри Хепберн

На повидок ТВ-серија за Одри Хепберн

Животот на холивудската икона Одри Хепберн доаѓа на малиот екран со нова телевизиска серија.

Сценаристката и продуцентка на „Добра сопруга“, Жаклин Хојт, ќе ја пишува драмската серија, објави „Варајети“.

Проектот ќе биде заедничка продукција на италијанската продуцентска куќа „Вајлсајд и Фремантл“, позната по неколку хитови, меѓу нив и „Младиот папа“.

Актерката беше едно од најсаканите и најпрепознатливи лица на 20-тиот век, глумејќи во многу филмски евергрини како што се „Сабрина“, „Празник во Рим“, „Појадок кај Тифани“ и „Мојата убава дама“.

Можете да прочитате

Скопје една вечер живееше во духот на стариот Холивуд – спектакл на Atelier Per Sempre со мода, кабаре и гламур

Денеска е Меѓународен ден на ненасилство

Над 1,2 милијарди луѓе го користат „Чет-ГПТ“ неделно