Утрински Весник
Свет

Германија ќе ги повлече своите трупи од Авганистан кога и САД ќе ги повлечат своите

Германскaта министерка Крамп-Каренбауер во самоизолација
Dik 300x250 mk

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави дека германските трупи ќе се повлечат од Авганистан, кога ќе се повлечат и американските сили.

Таа изрази очекување дека овој план ќе биде потврден на денешната вонредна седница на НАТО.

Претставници на американската администрација објавија дека американскиот претседател Џо Бајден ќе објави планови за целосно повлекување на американските сили од Авганистан до 11 септември оваа година, на 20-годишнината од терористичките напади врз кулите близначки во Њујорк и зградата на Пентагон.

Со тоа би се затворило поглавјето на американската историја за најдолгата американска војна, иако критичарите предупредуваат дека мирот во Авганистан не е безбеден ниту по две децении судири, пренесува „Ројтерс“.

„ Отсекогаш сме велеле дека ќе сториме сè заедно, затоа го правиме тоа. Тоа значи дека Германија, како членка на НАТО, ќе ги синхронизира своите планови за повлекување од Авганистан со САД“, рече Крамп-Каренбауер.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно