Утрински Весник
Македонија

Парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Две лица од Скопје го прекршиле полицискиот час и без дозвола се движеле на различни локации во градот, информираат надлежните.

Поради ваквата ситуација скопското јавно обвинителство на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за двајцата обвинети да им изрече парични казни од по 100 дневни глоби, а поединечната висина на дневната глоба да биде определена на износ од 20 евра во денарска противвредност.

ОЈО поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица заради сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.

Обвинетите, во два одвоени кривично – правни настани, биле затекнати при непочитување на важечкиот полициски час, определен како мерка за сузбивање на опасна заразна болест. Без да поседуваат дозвола за тоа, тие се движеле на различни локации во градот, при што биле затекнати од овластени службени лица, објаснуваат надлежните.

Можете да прочитате

Шукова: Македонски јазик и идентитет се дел од Европа и светот и за тоа нема дискусија

Македонија активира европска помош: Бараме поддршка преку ЕУ механизам поради пожарите

Тошковски: Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек