Утрински Весник
Македонија

Заев: Има сериозен исчекор за законот за државјанство

Заев: Има сериозен исчекор за законот за државјанство

По денешната средба во Собранието со претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, како и со пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците, премиерот Заев рече дека имале успешна средба и сериозен напредок во разговорите во однос на донесувањето на законските одредби за стекнување државјанство.

„ Имавме исклучително успешна средба и сериозен напредок во разговорите. Двете страни дојдовме подготвени и верувам дека до крајот на неделата, врз основа на анализата што ќе ја направат експертите од МВР, ќе можеме да финишираме со законското решение за државјанствата. Врз основа на тој напредок разговаравме на сите отворени прашања кои беа предлог во законското решение од Алијанса на Албанците и Алтернатива и се изнајдени механизмите за изнаоѓање на решение. Не би зборувал за деталите заради тоа што овде сме политички претставници и сега треба и експертите да ги номинираат предлог-решенијата како анализа да ги стават на хартија за да го процесираме конечно законското решение. Секако во тој дел Алијанса на Албанците и Алтернатива ќе ги информираат и ВМРО-ДПМНЕ и Левица затоа што тие доставија амандмани, но мислам дека денеска направивме сериозен исчекор во поглед на решавање на ова важно прашање“ рече Заев.

Тој додаде дека анализите биле од голема помош, во кои се виделе детално бројките колку граѓани немаат државјанство, а се родени овде и колку граѓани се со природување, односно со стапување во брак, со враќање назад во земјата и слично, бараат државјанства.

Целта, како ѓто истакна Заев, е до крајот на неделата да се оформи законскиот текст и веќе следната недела парламентот да се изјасни по самото законско решение.

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор