Утрински Весник
Македонија

(Видео) 213 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

(Видео) 57 санкции за брзо возење со т.н. ноќен радар, 20 за возење под дејство на алкохол

Во текот на вчерашниот ден (11.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 213 возачи.

Од нив, 56 возеле без возачка дозвола, 103 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 11 мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Додека пожари пустошат – деца се ладат во загадениот Вардар кај Керамидница

Ангелов: Пожарот кај фабриката Самоков е активен, но нема опасност по објектот

Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите