Утрински Весник
Македонија

Филипче: Деновиве е намален бројот на хоспиталиразни пациенти во болниците

Филипче: Деновиве е намален бројот на хоспиталиразни пациенти во болниците

Министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната координација со директорите на Клиниките, истакна дека деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците.

Сепак, како што вели министерот, подготвени се дополнителни капацитети во болниците низ целата држава.

„Справувањето со овој трет бран кој е многу силен е исклучително тешко, не само кај нас туку насекаде во Европа. Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така“, вели Филипче.

Остануваме претпазливи, заклучува министерот, предупредувајќи дека вирусот е непредвидлив и подмолен.

Можете да прочитате

Гостиварец измамил сопственик на фирма за 110.000 денари

Жерновски: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

На граѓани им се слошило пред Алта банка во Битола, Брзата помош интервенирала неколкупати