Утрински Весник
Македонија

Во Штип акција за отстранување на нелегално поставени објекти

Во Штип акција за отстранување на нелегално поставени објекти

Локалните власти во Штип апелираат до граѓаните на општината навремено и целосно да ги отстранат неовластено поставените објекти (гаражи, гулабарници, шупи и сл.), доколку претходно се известени со опомена во рок од 15 дена од страна на комунална инспекција.

„Доколку споствениците не ги отстранат овие бесправно поставени објекти во предвидениот рок, Општина Штип со ЈП Стипион ќе изврши отстранување на истите, со што сопствениците ќе имаат дополнителни трошоци кои ќе им бидат фактурирани на нивна сметка во износ од 12.500 денари по ценовникот на ЈП Стипион“, се наведува во соопштението на општинските власти.

Исто така сопствениците на овие неовластено поставени објекти, ќе бидат санкционирани и со мандатен платен налог од страна на комуналната инспекција во износ од 50 евра.

Можете да прочитате

Левица: Невиден апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, уапсено едно лице

ЛДП: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години