Утрински Весник
Економија

Книга на економски теми од екс-министрите Никола Поповски и Трајко Славески

Книга на економски теми од екс-министрите Никола Поповски и Трајко Славески

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје, излезе од печат книгата „Лево-Десно, економијата низ две перспективи“ од универзитетските професори Никола Поповски и Трајко Славески, поранешни министри за финансии на Република Македонија.

Во јавноста се познати концепциските разлики на авторите, па дури и нијансите во нивните економски, а понекогаш и општествени сфаќања.

„На страниците од ова дело Поповски и Славески дебатираат за дваесет важни теоретски или практични економски прашања и проблеми. Внимателното читање ќе покаже на многу сличности во сфаќањата, но и на важните разлики. Со коавторството на ова дело познатите универзитетски професори пробиваат и некои видливи или невидливи бариери во општеството“, велат од Матица.

Иницијативата за подготовката на ова дело е на Зоран Јовановски, кој е автор на предговорот кон изданието.

 

Можете да прочитате

Македонија може да придонесе кон европската сигурност со критични суровини, но потребно е усогласување со ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче продолжуваат со старата матрица, политика на страв и паника, банкарскиот сектор е стабилен 

ЛДП: Народна банка бара нов сопственик за Алта Банка, народот бара одговорност