Утрински Весник
Македонија

Заев: Очекуваме месецов да пристигнат околу 300.000 вакцини

Заев: Очекуваме месецов да пристигнат околу 300.000 вакцини

Околу 300 илјади вакцини од различни производители, се очекува месецов да пристигнат во земјата, истакна премиерот Зоран Заев.

Тој образложи дека станува збор за првите вакцини од Европската унија наменети за Западен Балкан, од кои за Северна Македонија се издвоени 100 илјади дози. Првично, од нив би требало да стигнат 20 – 25 илјади, рече Заев.

Понатаму, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од Фајзер, како и втората пратка преку Ковакс механизмот. За месецов, планирана е и испораката на 200 илјади кинески вакцини, како и значителна количина од Спутник В, за кои има договор за 200 илјади дози, додаде премиерот.

Можете да прочитате

ЦУК предупредува: Нѐ очекува невреме со ветер со брзина од 70км/ч

Нова војна на естрадата: Или ќути или ако прозборам ќе се селиш од државата се закани Боки 13 на Лазаров (ВИДЕО)

Викендот ни носи значително свежо време, особено наутро и под 10 степени!