Утрински Весник
Свет

Венецуела: Куќите на заболените од Ковид-19 обележани со црвени ознаки

Венецуела: Куќите на заболените од Ковид-19 обележани со црвени ознаки

Градоначалникот на градот Сукре, Луис Дуке во централниот дел на Венецуела почнал да става црвени знаци за предупредување на куќите на луѓето кои заболеле од коронавирус и се заканил дека ќе ја укине социјалната помош за оние што го кршат карантинот.

Дјук, претставувајќи ја ознаката во форма на црвен круг прецртан со црвена линија на бела хартија, објасни дека така сака да го заштити народот.

„Овој знак означува дека некој е заразен со Ковид-19 или се сомнева дека има случај на болест, па луѓето се предупредени“, рече Дјук на видеото на својот профил на „Инстаграм“.

Тој во изјава за локалното радио најави дека придобивките, како што се помошта за храна и гас, ќе бидат укинати доколку луѓето не се придржуваат кон карантинот воведен поради зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус, пренесува „Ројтерс“.

Потегот на градоначалникот, кој е член на владејачката Социјалистичка партија на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, наиде на обвинувања за дискриминација.

Адвокатката за човекови права Тамара Суху остро реагираше со објава на „Твитер“.

„Ние мора да го осудиме и да му посакаме добро здравје, за да не мора да се означи себеси“, напиша таа.

Венецуела се соочува со ново зголемување на бројот на новозаразени по врвот во август.

Во текот на претходниот ден, во таа земја беа регистрирани 1.525 нови случаи, а 15 лица починаа.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња