Утрински Весник
Спорт

Винисиус: Нема човек кој игра фудбал како Тони Крос!

Винисиус: Нема човек кој игра фудбал како Тони Крос!
Img 5587

Младата бразилска ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор вели дека е воодушевен од играта на својот соиграч, Германецот Тони Крос, посебно по 3:1 победата над Ливерпул во првиот меч од четврт-финалето на Лигата на шампионите.

Крос му асистираше на Винисиус за првиот огл на мечот, со неверојатна топка од над 50 метри, и токму 31-годишниот Германец заедно со 35-годишниот Лука Модриќ доминираа во средниот ред на мечот кога сите прогнозираа дека Реал тука се „најслаби“.

Ss1

„Тони Крос е неверојатен, вистинска легенда. Никој не може да игра како него, играч со класа. И луѓето кои не навиваат за Реал мораат да го прифатат тоа“, вели Винисиус.

Следна задача за двајцата е „Ел класико“ против Барселона, во меч кој може да одлучи многу во шпанскиот шампионат.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

> Винисиус: Нема човек кој игра фудбал како Тони Крос! <

Ss1

Можете да прочитате

Шкендија ги искористи киксовите на Струга и Шкупи да им се придружи на врвот

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

Ѓоковиќ се раздели со уште еден тренер од својот тим