Утрински Весник
Свет

(Видео) Дубаи ќе ги депортира туристките кои се сликаа голи на балкон

(Видео) Дубаи ќе ги депортира туристките кои се сликаа голи на балкон

Властите во Дубаи одлучија да депортираат група странски туристи вклучени во снимање голотија на балконот на еден облакодер, со проценка дека станува збор за сериозно кршење на прописите во Обединетите Арапски Емирати.

Група голи жени му позираа на фотограф минатата недела, на балкон над марината во Дубаи, јавно, пред очите на станарите на околните згради, а снимките од оваа фотосесија ги обиколија социјалните мрежи, потсетвува „Ројтерс“.

„Сите учесници во овој настан ќе бидат депортирани“, потврди државниот обвинител во Дубаи, Есам Иса Ал Хумајдан, во билтенот од градската канцеларија за односи со јавност.

https://www.youtube.com/watch?v=6N5HfK9sExQ

Локалната полиција минатата недела потврди дека учесниците во инцидентот биле уапсени, предупредувајќи дека ваквото лошо однесување е неприфатливо и не ги одразува вредностите и етосот на општеството во ОАЕ.

Според информациите кои ги пренесуваат светските медиуми, станува збор за 11 Украинки, а фотографот бил руски државјанин.

Можете да прочитате

Израелската армија објави дека започнала операција за воспоставување контрола врз градот Газа

Нови американски санкции против судии на Меѓународниот кривичен суд

На руска територија има најмалку 20.000 киднапирани украински деца