Утрински Весник
Свет

Унгарија почна со попуштање на рестриктивните мерки по вакцинацијата

Унгарија почна со попуштање на рестриктивните мерки по вакцинацијата

Унгарија почна со попуштање на рестриктивните мерки и повторно отворање на трговските и некои услужни дејности.

Унгарскикот премиер, Виктор Орбан, како причина за отворањето го наведе тоа што во земјата повеќе од една четвртина од населението е веќе вакцинирано.

„Во изминатито месец, ја зголемивме вакцинацијата, па од денеска трговците можат повторно да се отворат. И понатаму ќе важат епидемиолошките мерки, ве молам да ги почитувате“, изјави Орбан.

Ова значи дека своите салони ќе ги отворат фризерите и козметичарите, а ќе работат и продавниците за несуштинска стока, но мора да го ограничат бројот на клиенти за да спречат метеж.

Ноќниот полициски час во Унгарија сега почнува во 22 часот, наместо во 20 часот и трае до 5 часот наутро.

Засега попуштањето на мерките не се однесува на училиштатата кои повторно ќе се отворат на 17 април, а хотелите исто ќе останат затворени, како и рестораните, кои според новите правила можат да работат само со шалтерска продажба и достава.

Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, Унгарија веќе неколку недели има најголем број на смртни случаи од Ковид-19 по глава на жител во светот, а здравствениот систем е под голем притисок, и покрај фактот што Унгарија има една од најбрзите кампањи за вакцинација во Европа.

Унгарските лекари предупредуваат дека повторното отворање е избрзано, а Јанош Славик, водечки инфектолог во ковиц-болницата во Будимпешта, за локалните медиуми изјави дека земјата е далеку од стапката на вакцинација што дозволува повторно отворање и дека колективниот имунитет може да се постигне само со околу 6-7 милиони вакцинирани лица.

Можете да прочитате

Инфлацијата во еврозоната се искачи на 2,3 отсто

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година