Утрински Весник
Политички Партии

ДС: Последната мега афера ги потврди оценките дека партизацијата на МВР ја загрозува националната безбедност

ДС: Последната мега афера ги потврди оценките дека партизацијата на МВР ја загрозува националната безбедност
Ss2

Последната мега афера со издавање пасоши на припадници на мафијата и лица опасни по безбедноста, само ги потврди оценките дека партизацијата на МВР и другите безбедносни институции, директно ја загрозуваат националната безбедност и ги кочат евроинтеграциските процеси, велат од Демократскиот сојуз.

„Повеќе од 20 години селекцијата за прием во безбедносните служби ја прават партиите и се доминантни при конечната одлука за вработување, без да се почитуваат цврстите критериуми, базбедносните проверки, тестот на интегритет, здравствената состојба и други параметри клучни за конечната оценка, дали некој може да биде дел од највиталните институции во државата“, велат од ДС.

300x250 (7)

Од таму додаваат дека изостануваат контролни механизми во работата на овие сектори и служби, присутно е одлевање на класифицирани информации до криминалните групи, бизнисмени, а најмногу до политичките партии.

Демократскиот сојуз предлага целосна кадровска обнова или ремонт и анализа на можните злоупотреби, при што како приоритети ги нагласува: прво, да се извршат безбедносни проверки за сите вработени во МВР и другите безбедносни сектори, како и тест интегритет, здравствената способност, проверка на имотната состојба и досегашната работа и резултатите од работата и да се забрани членување во политичка партија на припадници на службите за безбедност.

ДС предлага да се направи ревизија на издадени државјанства, внесени единствени матични броеви, впишувањата во матичните книги на родените, издадени лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, дозволи за поседување и носење на оружје, како и издадени обични, дипломатски и службени патни исправи и да се зајакне раководниот тим во МВР со врвни професионалци, да се разработат и имплементираат контролни механизми во работата на сите сектори и МВР да се ослобиди од кадрите кои не ги исполнуваат критериумите за работа во оваа институција.

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт