Утрински Весник
Македонија

Угостителските објекти и обложувалниците од денеска се затворени за посетители

Угостителските објекти и обложувалниците од денеска се затворени за посетители

Од денеска угостителските објекти се затворени за гости и можат да вршат само достава на храна или продавање преку шалтер.

Исклучок од ова се угостителските објекти на аеродромот во Скопје, како и угостителските објекти во сместувачките капацитети.

Се затвораат и обложувалниците, кои ќе смеат да работат само преку пулт.

Мерката е на сила до 20 април.

Од вчера, затворени се фитнес салите, спортските и салите за вежбање, а забрането е и организирање, одржување и учество на семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции.

Полицискиот час од вчера почнува во 20 часот, наместо во 22, и трае до 5 часот наутро.

Мерките се донесени од Владата, со цел да се намали ширењето на на коронавирусот.

Можете да прочитате

Хаџи Василева порача дека обвинителите мора да бидат заштитени од надворешни влијанија

Македонија дел од голема меѓународна акција: Разбиена мрежа за интернет измами, седуммина уапсени

Над 5.000 корисници на социјална помош имаат сметки во Алта банка