Утрински Весник
Македонија

Без струја делови од Скопје

Утре делови од Скопје без струја

Делови од Скопје одреден временски период ќе бидат без струја, информира „ЕВН Македонија“.

Од таму појаснуваат дека поради веќе закажани технички зафати, без електрична енергија ќе останат: од 9 до 10 часот сите стопански и нестопански субјекти на булеварот Борис Трајковски, кои се напојуваат од следниве трафостаници: „Градинар Лозар“, „Типо“, „Електроконтакт“, „Дизајн Пинтија“ и „Ник велк“ во општина Кисела Вода.

Потоа, во периодот од 9 до 13.30 часот без струја ќе бидат корисниците од с. Долно Соње, кои гравитираат кон с. Говрлево, општина Сопиште, а во периодот од 10 до 11 часот струја ќе немаат корисниците од зграда бр. 31 на улицата 23 Октомври во општина Аеродром.

Можете да прочитате

Македонија блесна во Москва: Бронзен медал за Даниел Христов на најтешката хемиска олимпијада

Маж од Белгија приведен кај Бит Пазар

Родители од Делчево дозволиле малолетни ќерки да им живеат со возрасни мажи, едната родила и дете!