Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кремљ: Приемот на Украина во НАТО само ќе ја влоши кризата на југоистокот

Кремљ: Приемот на Украина во НАТО само ќе ја влоши кризата на југоистокот
Dik 300x250 mk

Киев само ќе ја влоши домашната украинска криза со својата одлука за влез во НАТО, зашто оваа идеја е неприфатлива за луѓето што живеат во самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.

„Длабоко се сомневаме дека тоа некако ќе ѝ помогне на Украина да се справи со нејзиниот внатрешен проблем. Од наша гледна точка, тоа само ќе ја влоши ситуацијата уште повеќе бидејќи мислењата на луѓето не можат да се занемарат на кој било начин кога зборувате за влез во НАТО. И ако побарате мислење од неколку милиони луѓе во самопрогласените републики, ќе сфатите дека таквото членство во НАТО е крајно неприфатливо за нив“, нагласи тој.

Претходно во вторникот, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека членството во НАТО е единствениот начин да се стави крај на војната во Донбас.

Ситуацијата во Донбас се влоши кон крајот на февруари со речиси секојдневна размена на оган,  особено со употреба на минофрлачи и фрлачи на гранати. Страните во конфликтот меѓусебно си ја префрлаат вината за ескалацијата.

Рускиот претседател Владимир Путин на 30 март одржа видеоконференција со својот француски колега Емануел Макрон и со германската канцеларка Ангела Меркел. Путин изрази особена загриженост за потезите на Украина за влошување на состојбата во Донбас.

Можете да прочитате

Хамас ја потврдува посветеноста на мировниот договор, ги враќа телата на заложниците, меѓународните сили се подготвуваат

Зеленски му предлага договор на Трамп: Дронови за „Томахавк“ ракети

Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб