Утрински Весник
Свет

Ентони Фаучи: САД нема да бараат Ковид-пасош од Американците

Ентони Фаучи: САД нема да бараат Ковид-пасош од Американците

Директорот на американскиот Национален институт за алергија и инфективни болести, д-р Ентони Фаучи, изјави дека американската влада нема да бара од Американците да користат вакцинален пасош за да докажат дека биле имунизирани против Ковид-19, пренесува „Њујорк пост“.

Фаучи рече дека очекува одредени деловни субјекти и образовните институции да бидат тие што ќе креираат сопствени политики за вакцинација.

„Не велам дека треба или дека би го направиле тоа, но велам дека може да предвидите дека некој независен субјект може да каже: Па, не можеме да се занимаваме со вас ако не знаеме дека сте вакцинирани. Но нема да добијат мандат од сојузната влада“, рече тој.

Енди Славит, постар советник на тимот на Белата куќа за одговор на Ковид-19, претходно рече дека администрацијата на Бајден само му дава насоки на приватниот сектор за тоа како да се развијат т.н. Ковид-пасоши.

„Владата не ја гледа својата улога како место за создавање пасош ниту како место за чување на податоците на граѓаните. На ова гледаме како на нешто што го прави приватниот сектор и ќе го сториме она што е важно за нас“, рече тој.

„И ние сега водиме меѓуагенциски процес за да ги разгледаме овие детали и да се исполнат некои важни критериуми со овие квалификации. Прво и основно дека има правичен пристап. Тоа значи дали луѓето имаат пристап до технологија или немаат “, додаде тој.

Можете да прочитате

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота

Пентагон: Нуклеарната програма на Иран е забавена за две години