Утрински Весник
Македонија

Девојката кај која се појави тромб по вакцинацијата на домашно лекување

Девојката кај која се појави тромб по вакцинацијата на домашно лекување

Нема пријавени несакани ефекти по почетокот на масовното вакцинирање во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека единствен пријавен несакан ефект има кај 28 – годишната девојка вакцинирана во Србија, која денес треба да биде пуштена на домашно лекување.

„Освен две случки на колапс, кој не се поврзува со вакцинирањето туку е поради страв и панични напади, други несакани ефекти нема. Девојката со тромб на очната вена требаше вчера, но денес оди на домашно лекување“, рече министерот Филипче.

Вкупно вакцинирани во земјава, заклучно со вчера министерот рече дека се 13.000 граѓани. Старосната граница за вакцинирање е симната и за вакцинирање се повикуваат лица над 75 години и помлади.

Вчера во салата „А1 Арена“ вакцина добиле 2.600 граѓани, а министерот Филипче очекува оваа дневна бројка да се искачи на 7.000, а доколку е потребно и повеќе.

Тој уверува дека во текот на месецот ќе стигнуваат нови количини вакцини, но сѐ уште не кажува точни датуми. Извесно е дека вакцини од Кина се очекуваат меѓу 15 и 20 април, но и за нив точен датум нема.

Можете да прочитате

До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен

Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни и јули, приведени две лица, запленети 702 парчиња риба