Утрински Весник
Македонија

Маричиќ во Анкара на средба со турскиот министер за правда Ѓул

Маричиќ во Анкара на средба со турскиот министер за правда Ѓул

Министерот за правда Бојан Маричиќ за време на работната посета на Анкара, се сретна со својот турски колега Абдулхамит Ѓул.

На состанокот како што информираат од неговиот кабинет се разговарало за продлабочување на соработката во секторот правда, со фокус на дигитализацијата.

Маричиќ на Ѓул му го претставил планот за дигитализација на над 100 судови во земјата и пренел дека искуствата кои ги има Турција во процесот на воведување на информатичка технологија во правосудството се од исклучително значење за нас.

Во однос на размената на искуствата со Турција за дигитализацијата на судовите, за време на посетата, делегацијата на Министерството за правда предводена од Маричиќ ќе ја посети и Академијата за правосудство на Турција и Генералниот директорат за информатичка технологија, најавуваат од министерство за правда.

Маричиќ на Ѓул му ги претставил реформите кои се преземаат со цел зајакнување на правната држава и длабоките реформи кои се спроведуваат во правосудството, а биле потврдени и традиционално добрите односи меѓу двете држави и двата народа.

Можете да прочитате

Балетски бисер „Шехерезада“ вечерва на сцената на Националната опера и балет

Со проекција на филмот „Воведение во храмот“ почнува 10. Меѓународен фестивал „Богородичен покров“

РСБСП апелира: За време празникот 8 Декември, возете безбедно-стигнете сигурно