Утрински Весник
Македонија

Утре преку ден сончево време, од вечерта нов бран од врнежи

Утре преку ден сончево време, од вечерта нов бран од врнежи

Утре претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а кон југот со зголемена облачност и со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер југоисточен ветер кој во долниот тек на Повардарието краткотрајно ќе засилува, информира УХМР.

Од вечерните часови од југозапад ќе почне нов бран од врнежи. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 7, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Нов бран од врнежи од дожд ќе започне од утре вечер од северозапад и ќе трае и во среда преку денот. На планините овие врнежи ќе бидат од снег, а понекаде на северозападот повремен снег ќе има и на повисоките места.

Во среда и во четврток ќе дува засилен северозападен ветер. Од четврток ќе биде стабилно со утрински температури кои на повеќето места ќе бидат негативни. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.

Можете да прочитате

Вонредно прскање против комарци вечерва во Драчево поради западнонилската треска

Митева го објави новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога