Утрински Весник
Свет

(Видео) Објавена снимка од нелегална луксузна вечера во Франција, полицијата започна истрага

(Видео) Објавена снимка од нелегална луксузна вечера во Франција, полицијата започна истрага

Француската полиција започна истрага за наводни нелегални вечери и забави во Париз, пренесува „Би-би-си“.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин нареди истрага, тврдејќи дека ваквите собири, кои ги кршат ограничувачките мерки воведени за борба против коронавирусот, се целосно неприфатливи.

Приватната телевизиска станица М6 објави тајно снимен прилог на „Твитер“, со текст „кавијар, шампањ, менија на врвни готвачи и никаква обврска да носат маска“.

Франција во моментов е под трето затворање на ниво на државата.

Снимката на М6 покажува неименуван приватен ресторан во Париз каде на гостите им било кажано дека можат да ги симнат своите маски. Локацијата е тајна, ролетните се спуштаат, а во просторот се влегува преку станбена зграда.

Келнерот му кажува на новинарот на влезот во ресторанот дека луѓето не мора да носат маски и дека кога ќе влезат таму, нема повеќе Ковид-19.

Според телевизискиот извештај, менито во нелегалните ресторани чини од 160 до 490 евра за лице, пишува „Би-би-си“.

Казните за кршење на мерките се една година затвор и 15 илјади евра за загрозување на животи, како и 135 евра за секој гостин за кршење на полицискиот час и иста сума за неносење маска, јавува „Би-би-си“.

Можете да прочитате

Над 20 повредени откако автобус „Фликсбус“ (Flixbus) се преврте во северна Германија

Трамп се разочарал по телефонскиот разговор со Путин

Хамас бара гаранции за прекин на војната