Утрински Весник
Свет
Img 7972

Захарова: САД не испраќа разумни сигнали до Русија

Захарова: САД не испраќа разумни сигнали до Русија
300x250 opst2

Новата администрација на Вашингтон не испраќа разумни сигнали до Москва за спречување на ескалација во ракетната сфера, додека реализацијата на воените програми на САД и Велика Британија го стеснуваат просторот за политичко и дипломатско решение на ова прашање, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

„Спроведувањето на ваквите воени програми се забрзува, што очигледно доведува до стеснување на просторот за решавање на политички и дипломатски проблеми по Договорот за ИНФ-Договор за елиминација на ракети со среден и краток дострел и спречување на сериозна ескалација во ракетна сфера“, изјави Захарова, пренесува ТАСС.

„Сè се случува во отсуство на кохерентни сигнали на оваа тема од страна на политичкото раководство на новата американска администрација, како и на огромното мнозинство американски сојузници во НАТО кои, како што покажа кризата со Договорот за ИНФ, создадоа консензус по ова прашање кое е од најголема важност за европската безбедност“, нагласи таа.

Можете да прочитате

Зеленски најави дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон 

Во Белгија денес едноденвен генерален штрајк

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот