Утрински Весник
Македонија

Филипче: Белите дробови на некои пациентии се во состојба каква докторите досега не виделе

Филипче: Белите дробови на некои пациентии се во состојба каква докторите досега не виделе

Министерот за здравство, Венко Филипче, во однос на зголемениот број на млади лица кои умираат иако немаат никакви хронични болести вели дека вакви случаи има и во Европа и дека кај дел од младите состојбата се влошува за неколку часа.

„За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата“, изјави Филипче по вчерашниот рекорден број од 50 починати во еден ден од Ковид-19.

Како што кажа министерот, секаде во Европа и околните земји се случува истото, има млади луѓе каде влошување на состојбата настанува за неколку часа и покрај целиот терапевтски пристап.

Можете да прочитате

Албанската полиција: Лицето од ВЛЕН не беше вратено поради дипломатија, туку поради законски пречки

Драма во Тетовско: Рачна бомба активирана пред ресторан, повредени двајца мажи

Запалил оган на нива, пламенот за малку ќе зафател цело село