Утрински Весник
Спорт

Челси е фаворит за потписот на Агуеро

Челси е фаворит за потписот на Агуеро

Серхио Кун Агуеро (33), по завршувањето на сезоната, ќе го напушти Манчестер сити. Аргентинецот десет години е на „Етихад“, во овој период стана најдобра стрелец во клупската историја.

Агуеро, најчесто се поврзува со трансфер во Барселона, каде главна ѕвезда е неговиот најдобар пријател Лионел Меси. Сепак, „Дејл мејл“, тврди дека Агуеро ќе го напушти Манчестер сити, но не и Премиер лигата, за која сметал дека е најдобра во светот.

Според овој извор, Челси сакале да го ангажираат Агуеро, а фудбалерот сакал кариерата да ја продолжи на „Стенфорд Бриџ“.

„Дејли мејл“, тврди дека Челси се во пол-позиција за потписот на Агуеро, најмногу и поради тоа што можат да ги исполнат неговите финансиски барања.

Серхи Агуеро за десет години, одиграл 384 натпревар за Манчестер сити, на кои постигнал 257 голови.

> Челси е фаворит за потписот на Агуеро <

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет