Утрински Весник
Свет

Велика Британија: Повеќе од 70 пратеници против воведување ковид-пасоши

Велика Британија: Повеќе од 70 пратеници против воведување ковид-пасоши

Повеќе од 70 британски пратеници се против воведувањето на таканаречените ковид-пасоши, кои владата ги разгледува со цел да помогне во отворањето на економијата кога ќе почнат да се укинуваат ограничувањата поради Ковид-19.

Премиерот Борис Џонсон рече дека тројната комбинација на потврда на имунитетот, преку прележано заболување, вакцинација или негативен тест за Ковид-19, ќе овозможи подобра работа на економијата, известува „Ројтерс“.

Но, некои во неговата партија, како и пратеници од опозицијата и членови на групи за граѓански права се загрижени поради најавените сертификати за вакцина, соопшти агенцијата.

„Ние се спротивставуваме на поделената и дискриминаторска употреба на потврдата за ковиден статус, што ќе им забранува на поединците пристап до општите услуги, компании или бизниси“, се вели во изјавата потпишана од група од повеќе од 70 пратеници од целиот политички спектар, пренесува „Ројтерс“.

Можете да прочитате

Марта Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, со Молдавија и Украина отвораме по две

Дронови нападнаа бродови кај Бугарија, еден потона

Киев нападнат со балистички ракети, експлозии во Лавов, Запорожје и Харков; Москва нападната со над 400 дронови