Утрински Весник
Македонија

Заев: Сите вакцини се здрави, ќе ја примам онаа што ќе ја имаме на располагање

Заев: Сите вакцини се здрави, ќе ја примам онаа што ќе ја имаме на располагање

Премиерот, Зоран Заев, денеска заедно со министерот Венко Филипче ја пречека новата пратка на вакцини која стигна како донација од Србија.

Како што претходно соопшти Владата, станува збор за 20.000 дози од руската вакцина „спутник В“, а по неа ќе следува уште една пратка од 20.000 дози.

Во оваа прилика Заев истакна дека и тој се пријавил за вакцинација, па како што рече, кога ќе му дојде редот ќе се вакцинира со вакцината која во тој момент ќе биде на располагање.

„Се пријавив за вакцинација, па која вакцина ќе дојде на ред за мене со таа ќе се вакцинирам. За мене сите вакцини се во ред“, истакна премиерот.

Тој ги повика и граѓание да го сторат истото.

„Вакцината е здрава, сите вакцини се здрави. Колку побрзо заврши процесот на вакцинација, толку побрзо ќе заврши оваа битка со пандемијата“, рече Заев.

Тој исто така ја увери јавноста дека ниту еден министер во Владата нема примено вакцина против Ковид-19.

„Најодговорно тврдам, ниту еден министер, вклучително и министерот за здравство, кој е здравствен работник, се нема вакцинирано. Го чекаме нашиот ред, според Планот за имунизација на населението“, нагласи премиерот.

Инаку, денешната пратка е втората донација од вакцини што пристигнуваат од соседна Србија. Првата донација, која впрочем беше и првата пратка вакцини што пристигна во земјава, беа 8 илјади дози од американската вакцина „Фајзер“, со коi се вакцинираа здравствените работници.

Можете да прочитате

Ахмети: Пред 122 години на Илинден Македонците и Албанците беа заедно, сега сме едни наспроти други

Делегација на СДСМ предводена од потпретседателката Каја Шукова оддаде почит во Скопје, по повод Денот на Републиката

Бленди Ходаи: За Кочани ќе нема правда зашто институциите се фокусираа на контаминација на гневот и револтот на граѓаните