Утрински Весник
Економија

Сеавус едукативниот и развоен центар ќе спроведе промотивна кампања креирана од студентите

Сеавус едукативниот и развоен центар ќе спроведе промотивна кампања креирана од студентите

Осумнаесет студенти од Академијата за дигитален маркетинг на Сеавус едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) учествуваа на онлајн Хакатонот кој се спроведе изминатиот викенд.

Студентите преку тимска работа, со поддршка на менторите од СЕДЦ и Елемент ПР креираа успешни идејни решенија за маркетинг кампањи преку кои би се зголемила и подобрила промоцијата на едукативниот центар. Секој од тимовите имаше 48 часа да го изработи и презентира идејното решение.

Сите тимови изработија и понудија квалитетни маркетинг кампањи со многу иновативни решенија, а Сеавус едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) и Елемент ПР одбраа една победничка кампања од овој Хакатон. Александра Маневска, Виктор Арсов, Томислав Бошески, Ана Саздова, Стефан Блажевски и Филип Штаклев се студентите кои ја креираа кампањата која во целост ќе биде имплементирана од Сеавус едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) за академската 2021/2022 година.

Овој Хакатон за студентите беше предизвик да размислуваат креативно, да го применат практично материјалот кој беше обработен во текот на академската година и преку тимска работа и размена на идеи и можни решенија да понудат квалитетна кампања која би можела да се реализира, но и да искусат како реално се работи во маркетинг секторот и кои се предизвиците со кои ќе треба да се соочуваат при подготвување на една маркетинг кампања.

СЕДЦ е основан во 2010 година и претставува најголема Академија за дизајн и технологија во Македонија каде досега завршиле над 5000 студенти.

Во рамки на едукативниот центар успешно дејствуваат Академиите за програмирање, компјутерски мрежи, софтвер тестер и дизајн, а веќе во академската 2020/2021 година се отворени и две нови насоки за кои се покажа голем интерес, а тоа се Академијата за дигитален маркетинг и Академија за Data Science.

Можете да прочитате

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“

Дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата, оди на усвојување во Собранието