Утрински Весник
Македонија

21 лице ја прекршило забраната за движење, казни за 611 лица поради неносење маска

Парични казни за 50 лица во Скопје обвинети за непочитување на здравствените прописи​

21 лице не ја почитувало забраната за движење во периодот од 22.00 часот на 31.03.2021 до 05.00 часот на 01.04.2021 година, информираат од министерството за внатрешни работи.

Од таму додават дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани биле 611 прекршоци за мерката за носење лична заштита на лице.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

Можете да прочитате

Поминуваат каде ќе стигнат со телефон на уво или слушалки – Летаат казни за пешаци

Пожар во куќа во Кочани, во болница завршија мајка и ќерка

Во мусаката и на чешмите во „Димо Хаџи Димов“ пронајдени бактерии потврди ИЈЗ