Утрински Весник
Свет

СЗО: Неприфатливо бавно темпо на вакцинација во Европа, ситуацијата е загрижувачка

СЗО: Неприфатливо бавно темпо на вакцинација во Европа, ситуацијата е загрижувачка

Светската здравствена организација го критикуваше забавеното темпо на вакцинацијата против коронавирус во Европа, која како што велат од СЗО, со месеци се соочува со загрижувачка епидемиолошка состојба поради Ковид-19.

„Бавното темпо на вакцинација ја продолжува пандемијата“, изјави европскиот огранок на СЗО, посочувајќи дека бројот на нови случаи со коронавирус во Европа нагло се зголеми во последните пет недели.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека вакцините се најдобриот начин за излез од пандемијата.

„Не само што дејствуваат, туку се и многу ефикасни во ограничувањето на заразата со Ковид-19. Сепак, примената на овие вакцини е неприфатливо бавна “, се вели во изјавата на Клуге.

„Да бидеме јасни, треба да го забрзаме процесот со зголемување на производството, намалување на бариерите за испорака на вакцини и користење на која било доза што ја имаме на залиха“, рече Клуге.

Тој предупреди дека ситуацијата во регионот во последните неколку месеци е загрижувачка.

Во европскиот регион на СЗО, кој вклучува педесетина земји, вклучително и Русија и неколку земји од Централна Азија, бројот на смртни случаи минатата недела надмина 24. 000 и според таа оргнизација рапидно се приближува до еден милион.

Според СЗО, бројот на новоинфицирани достигна 1,6 милиони на неделно ниво, додека истиот беше под еден милион пред само пет недели.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња