Утрински Весник
Свет

Рекорден број смртни случаи во Украина

Рекорден број смртни случаи во Украина

Рекорден број на смртни случаи од коронавирус е забележан во Украина во последните 24 часа, откако се пријавени 421 починати, изјави министерот за здравство, Максим Степанов.

Вчера беа регистрирани 407 смртни случаи во таа земја, што е највисок дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Претходниот рекорд беше поставен на 25 март, кога беа пријавени 362 смртни случаи.

Степанов рече дека вчера се потврдени 17.569 новоинфицирани лица, а рекордот е срушен и кога станува збор за бројот на хоспитализации, бидејќи 5.160 лица биле примени на болничко лекување.

Можете да прочитате

Русија развива застрашувачка ракета – 24info.mk

Закани од Хутите до Вашингтон: Следува брз и болен одговор доколку САД се вмешаат во Јемен

Американски сенатори бараат од Трамп да се откаже од увозот на руски дизел