Утрински Весник
Македонија

(Видео) Стојаноски: Троецот Заев, Шилегов и Наумоски ја уништија општината Ѓорче Петров

(Видео) Стојаноски: Троецот Заев, Шилегов и Наумоски ја уништија општината Ѓорче Петров

Според Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, откога СДСМ е на власт Ѓорче Петров е заборавена општина.

„Троецот Заев, Шилегов и Наумоски ја уништи општината Ѓорче Петров и безмалку нереализираше ниту еден проект во изминативе четири години. Нема ништо од оние блескави ветувања во скапоплатените програми, кои што на крајот излегоа само едни брутални лаги, од кои што граѓаните на Ѓорче Петров не добија ништо“, вели Стојаноски.

Според него нема поврзување на „Илинденска“ со Ѓорче Петров, нема зелен влез на Ѓорче Петров и нема низа други проекти кои што оваа власт како што вели ги ветувала, а не ги остварила.

„На Ѓорче Петров веќе насушна му е потребна промена, на Ѓорче Петров му е потребна власт која што ќе вложува во него, власт која што ќе гради и власт која што ќе ја развива нашата општина“, додаде Стојаноски.

Можете да прочитате

Клековски: Утврдени неправилности при издадени боледувања кај 29 од 80 контролирани осигурени лица во МВР

Мицкоски: Дневната заштеда на граѓаните со владината мерка за горивата е повеќе од 200 000 евра, состојбата се следи, има и други мерки

Левица: Водостопанство објавува јавен повик во неработни денови – дали зделакта е однапред договорена