Утрински Весник
Свет

Германија и Франција заинтересирани за руската вакцина

Германија и Франција заинтересирани за руската вакцина
Img 5587

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон разговарале со рускиот лидер Владимир Путин преку видео конференција, а една од главните теми била можноста за производство на вакцината „спутник В“ во Европската Унија, откако официјален Берлин реши да престане да користи од вакцините на „Астра зенека“ за лица постари од 60 години, пишуваат светските агенции.

Според написите, и двете најмоќни европски земји, Германија и Франција, изразиле подготвеност да ги купат правата за производство на вакцината „спутник В“ од Русија, прва вакцина развиена од Руската Федерација и на почетокот сериозно критикувана од Европската Унија.

Ss1

Медиумите пренесуваат дека Меркел истакнaла дека недовербата кон „Астра зенека“ преовладува во нејзината земја.

Од друга страна странските медиуми анализираат дека британските власти продолжуваат да тврдат дека односот на земјите-членки на Унијата кон таа вакцина е исклучиво одреден од моментално напнатите односи меѓу Лондон и Брисел.

Соработниците на Меркел и Макрон објасниле дека лидерите на Германија и Франција се слушнале со Путин токму од таа причина, но и од фактот дека Европската Унија има многу комплицирани односи со „Астра зенека“, бидејќи фармацевтската компанија признала дека нема да може да го почитува договорот со Брисел за набавка на вакцини.

Инаку, Европската агенција за лекови ја започна анализата на „спутник В“ на почетокот на март, а досега повеќе од 55 земји во светот активно ја користат таа вакцина.

Покрај вакцините, тројцата лидери разговарале и за други глобални горливи прашања за време на видео конференцијата, како што се нуклеарниот спор со Иран и конфликтите во источна Украина, Либија и Сирија.

Ss1

Можете да прочитате

Десетици смртни случаи во САД на луѓе на кои им се давале седативи за време на апсења

Протестите во кампусите на универзитети во САД против војната во Газа продолжија, професорите ги поддржуваат студентите

Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој