Утрински Весник
Македонија

Мојсовски: До крајот на октомври ќе биде завршен базенот во Ѓорче Петров

Мојсовски: До крајот на октомври ќе биде завршен базенот во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Наумче Мојсовски денеска извршија увид во градежните работи на првиот затворен базен во општината, кој се гради во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“.

Ова е еден од шесте затворени базени кои ги гради Агенцијата во соработка со локалните самоуправи. Целиот проект опфаќа вкупно 14, а во наредниот месец се очекува АМС да распише тендер за нови 4 базени. Наменет е за учениците, но по часовите ќе може да го користат и рекреативци.

Вложувањето во спортската инфраструктура, рече Наумоски, претставува вложување во раниот детски развој, градење здрави индивидуи и спортисти кои понатаму ќе ја градат својата кариера во нашата општина.

„ Сега со гордост може да кажеме дека силно ќе го развиваме и пливачкиот спорт, преку формирање пливачки клубови во следниот период – изјави Наумоски по увидот.

Како што нагласи Мојсовски, пандемијата привремено го забавила темпото на работа.

„ Сега почнуваме повторно интензивно. До крајот на октомври или почетокот на ноември базенот ќе биде завршен. Со овие димензии на базенот се надевам дека ќе формираме и пливачки клуб во општина Ѓорче Петров. Ќе биде подобро што повеќе деца од училиштата да го користат – додаде директорот на АМС.

Овој спортски објект е со димензии 20,40×30,35 метри со длабочина од 0,9 до 1,4 метри. Во склоп на базенот ќе има соблекувални и централен систем на загревање. Се гради по сите стандарди и истиот ќе биде енергетски ефикасен и рентабилен.

Предивдениот рок за затворање на проектот е 18 месеци. Базенот е со вредност од 38 милиони денари.

Можете да прочитате

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора

Владиката Тимотеј денеска ќе биде погребан на Плаошник во Охрид