Утрински Весник
Македонија

Битолчанец со марихуана фатен на меѓуградската автобуска станица во Скопје

Нападнати лица кои делеле пропаганден материјал во Дебреше
Dik 300x250 mk

Педесет и двегодишен битолчанец криел марихуана во патната торба. Тој бил уапсен на меѓуградската автобуска станица во Скопје.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 52-годишен жител на Битола за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

„На 11 март, на булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје, на меѓуградска автобуска станица, обвинетиот држел 194 грама марихуана. Дрогата наменета за препродажба била скриена во неговата патна торба, а овластени службени лица ја пронашле и му ја одзеле“, соопшти скопското обвинителство.

Обвинетиот е во притвор.

Можете да прочитате

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца

Алиу: Правиме дигитализација на здравство документите на телефон а не во ќеси