Утрински Весник
Македонија

Филипче: Состојбата во болниците е многу сериозна

Над 7.000 заразени со коронавирус во земјава

Медицинскиот кадар е целосно мобилизиран, но состојбата во болниците е многу сериозна. Ваква е оценката на министерот за здравство, Венко Филипче, по редовната координација со директорите на Клиниките.

На состанокот се разговарало за состојбата на хопситализираните пациенти со ковид, болничките капацитети и терпиите.

„Здравствениот систем секојдневно се менаџира, се обезбедуваат нови болнички легла, медицинскиот кадар е целосно мобилизирани, но состојбата во болниците е многу сериозна“, оцени Филипче.

Затоа, како што посочува, од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битката со ковид пандемијата.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка