Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје го обвини градоначалникот Петре Шилегов дека направил противзаконска промена на имињата на улиците.
Тие велат дека согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна шест месеци пред оддржување на избори и една година пред оддржување на попис.
„Со ова Шилегов брутално го прегази законот. Воедно ја наруши и процедурата на носење на измените, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот“, велат советниците.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најави дека ќе поднесе иницијатива по судски пат да биде укината оваа, како што велат, противправна одлука на Шилегов.
„Воедно оваа одлука на Шилегов значи и минимум 100 евра нова давачка на компаниите чие име на адреса се менува согласно новите одлуки на Советот. Со тоа Шилегов во едни тешки услови на здравствена и економска криза наметнува нови давачки и арач за грѓаните. Ова е недозволиво насилие кое нема да помине“, велат советниците на ВМРО-ДПМНЕ.