Утрински Весник
Свет

Њујорк ја легализира марихуаната

Њујорк ја легализира марихуаната

Конгресот на Њујорк усвои закон со кој се легализира употребата на марихуана.

Така, Њујорк стана 15. американска сојузна држава што ја легализира марихуаната за рекреативни цели. Законот беше усвоен со 40 гласа „за“ и 23 „против“.

Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, изјави дека едвај чека да го потпише законот, пренесува „Ројтерс“.

„Њујорк низ годините беше прогресивен главен град на оваа држава и овој важен закон продолжува по тој пат“, истакна Куомо.

Администрацијата на демократскиот гувернер претходно процени дека легализацијата може да ѝ донесе на државата околу 350 милиони долари годишно.

Законот дозволува рекреативна продажба на марихуана на возрасни лица над 21 година и воспоставува постапка за издавање лиценци за доставување производи од канабис на клиенти.

Њујорчаните ќе можат да пораснат до шест растенија за лична употреба.

Законот ќе стапи на сила веднаш, но продажбата ќе започне за година ипол до две години.

Можете да прочитате

Бројот на загинатите во земјотресите во Венецуела надмина 3.500

Бројот загинати во рускиот напад врз Киев се искачи на 18, кон Москва лансирани 430 украински дронови

На Куба почна обнова во снабдувањето со струја по колапсот на електроенергетската мрежа