Утрински Весник
Спорт

Тежок удар за Баерн – се повреди Левандовски!

Тежок удар за Баерн – се повреди Левандовски!
Dik 300x250 mk

Полскиот голгетер Роберт Левандовски поради повреда ќе биде надвор од теренот, потврдија од редовите на европскиот и германски шампион, Баерн Минхен.

Баварците ја информираа јавноста дека Полјакот има повреда на лигаментите на десното колено.

Ова претставува голем удар за екипата затоа што популарниот „Лева“ нема да биде во составот на двомечот против француски ПСЖ во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Двата натпревари на програмата се на 6. и 14. април.

Голгетерот може да е разочаран што вака најверојатно ќе ја пропушти можнота да го сруши рекордот на легендарниот Герд Милер кој во една сезона во Бундеслигата постигна 40 гола.

Левандовски веќе постигна 35 гола на 25 меча, а до крајот на Бундеслигата има уште 8 кола.

Како што стојат работите тој можно е да пропушти најмалку 4 натпревари.

> Тежок удар за Баерн – се повреди Левандовски! <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата