Утрински Весник
Спорт

Манчини бара повеќе играчи во репрезентациите за ЕП

Манчини бара повеќе играчи во репрезентациите за ЕП

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, изјавил дека поради актуелната ситуација, УЕФА треба да го зголеми бројот на фудбалери во националните тимови.

„Добра идеја би била да може да се повикаат 25 или 26 фудбалери. Сезоната е тешка, не знаете што се може да се случи. Што ќе правиме ако некој биде позитивен на коронавирусот? Ќе биде тешко да се повика замена бидејќи сите ќе бидат на одмор“, рекол Манчини.

Европското првенство, на кое ќе учествува и Македонија, ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 европски града.

> Манчини бара повеќе играчи во репрезентациите за ЕП <

Можете да прочитате

Невреме со грмотевици го прекина женското тениско финале во Вашингтон

Пропадна планот на Инфантино и неговата плата со новиот проект

Инфантино добива противкандидат за претседател на ФИФА