Утрински Весник
Македонија

Османи на средби со шефот на Мисијата на ОБСЕ и постојаниот претставник на УНДП

Османи на средби со шефот на Мисијата на ОБСЕ и постојаниот претставник на УНДП
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со Амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На средбата биле разменети мислења за актуелните политички случувања, реформските процеси и европската перспектива на земјата, известуваат од кабинетот на Османи.

Тој се осврнал на значајната експертската поддршка што мисијата и ја дава на нашата земја во процесот на спроведувањето на реформите со цел усогласување на домашната легислатива со Европските стандарди, особено во областа владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, изборните реформи.

Османи исто така информирал и за активностите кои нашата земја ги превзема во процесот на подготовка за претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година. Тој потенцирал дека Република Северна Македонија останува посветена земја учесничка на Организацијата која има за цел и понатаму конструктивно да придонесува во реализацијата на заедничките заложби на земјите учеснички и јакнење на мултилатерализмот.

Амбасадорот Која, високо ја оцени соработката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје со Владата на Република Северна Македонија поздравувајќи ги напорите и досегашните постигнати резултати на Владата во спроведувањето на реформите со цел усогласување на нашата легислатива со стандардите на ЕУ, притоа нагласувајќи ја потребата од континуирана и конструктивна работа.

Министерот Османи, оствари средба и со постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахакијан.

Притоа министерот Османи изразил благодарност за присуството на Канцеларијата на УНДП во Република Северна Македонија и за нејзиниот ангажман и иницијативи во повеќе области, како што се: економијата, социјалната инклузија, родовата еднаквост, јакнењето на институциите, животната средина, климатските промени и во услови на здравствена криза и напорите за справување со ковид пандемијата.

Можете да прочитате

Николоски од Лондон: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада кој носи големи економски и политички придобивки

Расчистено намерно опожарување автомобил во Скопје, постапка против едно лице

Божиновска: Нема да останеме без гас, ќе има решение на ниво на Европската унија