Утрински Весник
Македонија

Откажана е средбата на Груби со албанските опозициски партии за пописот

Груби: Време е за умереност и смиреност

Еден час откако беше закажана, се откажа средбата на вицепремиерот Артан Груби, во својство на секретар на ДУИ, со секретарите на другите партии од албанскиот опозициски блок.

Средбата требаше да биде во врска со пописот на населението.

Причината за откажување на средбата, како што наведе ДУИ е тоа што опозициските политички партии не го потврдиле присуството.

Претходно денеска ДУИ извести оваа средбата ќе се одржи во 11 часот.

„Секретарите на ДУИ, БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе бидат присутни на оваа средба. Настанот ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје“, соопшти ДУИ.

Опозициските Алтернатива и Алијанса за Албанците (каде што секретар е Арбен Таравари) дадоа поддршка за Законот за попис, според кој операцијата треба да се спроведе од 1 до 21 април годинава.

Можете да прочитате

ДОМ: Не смее да се брише законската рамка за санација на жешките еколошки точки и заштитата од тешката индустрија

Министерство за правда: Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, бараме оставка